Дознајте повеќе за search engine маркетинг и одвојте средства од Вашиот буџет за реклама на Google Adwords, Bing Ads или Facebook. Колку повеќе Вашите клиенти се подготвени да купуваат кога ќе пристигнат на Вашата веб страна, толку повеќе ќе купуваат.
Пронајдете некој кој е умешен во оптимизација на пребарување и е запознаен со правилата кои постојано се менуваат, или користете алатки како Long Tail Pro, кои ќе Ви помогнат да пронајдете најпрофитабилни клучни зборови. Вашата веб страна би требало да се чита како личност да се обраќа кон други луѓе.
Постојат безброј совети за оптмизација на стапката на конверзија со кои може да експериментирате во овој момент, како што е копчето за повик за акција call to action (CTA). Менувањето на големината, бојата, позицијата или текстот можат значително да ја зголемат стапката на конверзија.
До една третина од клиентите ја напуштаат веб страната доколку е потребно да се регистрираат на неа. Можете да побарате од клиентите да се регистрираат, но направете го тоа како опција и објаснете зошто е добра идеја. Одржувајте ја формата едноставна и побарајте само релевантни информации.
Континуирано тестирање, мониторинг и подобрување на искуството на клиентите функционираше за успешните приказни за е-трговија како Amazon, ASOS и Made, така што и Вие би требало да го сторите истото.
Ова е познато како фактор ‘може исто така’. Купувачот кој купува паметен телефон со камера од 12 мега пиксели ‘може исто така’ да купи малку поскап паметен телефон со камера од 16 мега пиксели и 128 гига бајти меморија.
Некои клиенти добро реагираат на поканите да потрошат повеќе, додека други ќе укажат дека помалку мислат на Вашиот бизнис. Размислувајте како клиент и продолжете да тестирате за да најдете формула која најдобро ќе функционира за Вас.
Попустите генерираат сообраќај и ја потикнуваат краткорочнта продажба, но без јасни цели, кампањата за промотивна продажба може да ги девалвира Вашите производи. Всушност, очекувајте негативен ефект на Вашиот финансиски аспект доколку купонот стане широко популарен.
Може да Ве чини пет пати повеќе да привлечете нов клиент отколку да го задржите постоечкиот. Затоа развијте стратегија за задржување на клиентите. Колку е подолг односот со Вашиот клиент, толку се помали трошоците за задржување на клиентите.
Погледнете го објаснувањето на сопственикот на Амара како тие го задржуваат својот глобален бренд за е-трговија фокусиран на клиентите, дури и кога никогаш не ги сретнуваат своите клиенти.
Прочитајте како Амара порасна од мала продавница до мрежа со успешни веб страни ширум светот.
Погледнете како ние можеме да Ви помогнеме Вашиот бренд за е-трговија да ги премине границите и да го освои светот.
Вашите клиенти може да одберат место и време за достава - флексибилните услуги се високо вреднувани од страна на клиентите.
Нашата меѓународна временски определена услуга гарантира достава од врата до врата во специфичен временски рок, глобално. Брзината е она што го бараат Вашите клиенти.
Истражувањата покажуваат дека нудејќи ја оваа услуга поголема е веројатноста дека клиентите ќе потрошат повеќе.
Нашиот водич до најдобрите лекции од кои може да научите, од најуспешните е-трговци на планетата.
Како да бидете сигурни дека Вашите клиенти му веруваат на Вашиот бренд, иако никогаш не слушнале за Вас.
Вашето патување до меѓународен успех во е-трговија започнува со само еден клик.